Марина и Алачки како на меден месец – уживаат во романтичната идила, убавини на сите страни
Место кое од сите страни зрачи со хедонизам
Нашата поранешна водителка, Марина Дојчиновска, и нејзиниот партнер, Горан Алачки, овие денови уживаат на Малдиви.
Фотографиите што тие ги објавија на социјалните мрежи покажуваат колку тие убаво си поминуваат заедно на ова романтично место.
Тие не кријат дека повторно се среќни во љубовта и колку уживаат кога се заедно, посено на едно вакво волшебно место.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
И откако најпрво ги изненади своите пријатели и фанови со фотографии на кои позираше и во костим за капење, и тоа на денот на нејзиниот роденден (повеќе за прославата тука), убавата водителка сподели уште неколку моменти од ова патување.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Од насмевките на нивните лица повеќе од јасно е дека Марина и Горан се на својот одмор од соништата, за што зборуваат и фотографиите.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Марина покажа и какво изненадување ја пречека во собата за роденденот, но и како помина тој ден на вечера со саканиот.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
И во секое од овие изданија тие и двајцата не ги тргаат насмевките од лицата додека уживаат во магијата на овој рај на земјата.
Тие на овој рајски остров се сместени во преубав апартман со голема спална соба, а од погледот на тиркизниот океан застанува здивот.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Водителката ги воодушеви сите и со својот костим за капење, но и со црвениот фустан што го носеше на преубавата плажа.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Станува збор за летна креација со интересен дезен и прозрачен материјал, така што се гледаше и костимот за капење.
Покрај фотографиите Марина напиша:
„Рајски остров“, кажувајќи сé само со овие два збора.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Нејзините бројни пријатели и фанови беа воодушевени од тоа како изгледа, но и што со Горан уживаат како да се на меден месец.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Како сето тоа изгледаше, погледнете од фотографиите…