Ова се македонските лекари кои лекуваа и спасуваа животи во трагедијата во Магдебург – горди со нашата дијаспора
Д-р Златко Станковски од Прилеп и д-р Владимир Митевски од Радовиш, работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург, Германија. Но во ужасот кој се случи во Магдебург, двајцата несебично излегоа на терен.
Македонската амбасада во Германија, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук, искажувајќи гордот за двајацата доктори.
-Горди со Д-р Златко Станковски и Д-р Владимир Митевски. Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург. Горди со нашата дијаспора, велат од амбасадата.
Потсетуваме, на 20 декември автомобил влета во Божиќниот пазар во Магдебург, во близина на градското собрание, при што според властите загинаа пет лице, а повредени се 200 лица.