Погледнете како Македонците го пречекаа Саша Матиќ – незаборавна вечер, се пееше и на македонски
„Ова беше еден од најубавите моменти во мојата кариера“, изјави Саша Матиќ понесен од емоциите
Познатиот пејач Саша Матиќ одржа неверојатен концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје од кој и самиот беше изненаден.
Просторот беше преполн, а во публиката имаше луѓе како од Македонија така и од соседството кои беа дојдени специјално за концертот.
Тој заедно со публиката ги пееше своите најголеми хитови, а еден дел од својот програм посвети и на македонската музика.
Инстаграм
Пејачот испеа неколку традиционални македонски песни, а врв беше кога ја запеа „Македонско девојче“ и „Тајно моја“ од Тоше Проески.
Инстаграм
Многумина во публиката заплакаа од преголемите емоции, а и Саша не остана рамнодушен на овие посебни моменти.
Инстаграм
Концертот на Саша Матиќ во Скопје
„Ова е еден од најубавите моменти во мојата кариера. Фала му на Скопје и фала на Македонија на овој незаборавен дочек“ изјави Саша во еден момент, и самиот воодушевен од дочекот на прекрасната публика.
@mihaelaserafimovska
„Вашата топлина и гостопримство се посебни и затоа секогаш радо се враќам тука“, додаде Саша за време на концертот истакнувајќи дека никогаш нема да ја заборави оваа ноќ, енергијата и љубовта што ја добива од публиката, додека на големиот екран се вееше огромно македонско знаме.
Повеќе детали во продолжение:
Инстаграм
Како звучеше „Македонско девојче“ која Саша ја испеа во еден глас заедно со публиката, погледнете од видеото на крајот од галеријата…
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
@macedonian_girl_19 #sasamatic #live #arenaboristrajkovski #skopje #makedonija #balkan #balkantiktok #foryou #goviral #europe #fyp #balkansongs🎶🔥 #explore #foryoupage #music #serbia