Исплива фотографија од бебето на поранешната македонска Гранд ѕвезда – ова е најслаткото нешто за денес
Пејачот никогаш не бил посреќен
Пејачот Адам Лабунски кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ и „Пинк ѕвезди“ пред неколку недели се оствари во улога на татко.
Неколку месеци пред да се породи неговата сакана Јелена, Адам откри дека таа е бремена, па го открија и полот на бебето.
Имено, тие тогаш открија дека ќе имаат ќеркичка, па следуваа и фотографии на кои во фокусот беше стомакот на Јелена.
Инстаграм/ Адам Лабунски
И откако таа се породи, Адам веднаш се пофали на социјалните мрежи дека станал татко, а сподели и неколку интересни снимки од прославата на која пријателите му ја кинат маицата додека тој пееше.
Инстаграм/ Адам Лабунски
Сега пак и тој и неговата сакана, која исто така е позната на Инстаграм, споделија преубава фотка од нивната наследничка.
Фотографијата никого не остави рамнодушен, а како изгледа малата принцеза на Адам и Јелена, погледнете во продолжение.
Инстаграм/ Адам Лабунски
Потсетуваме, Адам се прослави во „Пинк ѕвезди“ и „Ѕвездите на Гранд“, а беше дел и од српското шоу „Задруга“.
Инстаграм/ Адам Лабунски
Тој во „Ѕвездите на Гранд“ доживеа една непријатна ситуација заради коа мораше да го напушти шоуто, па подоцна реши да се пријави во ријалити како би се промовирал себеси и својата музика.
Принтскрин/ Јутуб, Задруга
Поприлично е познат и на социјалните мрежи, а важи за момче кое со својот глас, но и згодни тело ги освојува дамите.
Инстаграм/ Адам Лабунски
Но пејачот пред неколку месеци се сврши, а потоа и се оствари во улога на татко, па сега ужива во семејниот живот.
Инстаграм/ Адам Лабунски
Повеќе негови фотографии, но и од неговата сакана која е вистинска убавица погледнете во продолжение: