Реклама
Патувања

Маврово без метеж, скијање на раат – еве како изгледа Бистра денес (фото)

На преубавата Бистра, има скијање викендов. Има и многу снег, па погодно е и за бордери и за скијачи.

Реклама

Ски лифтовите се пуштени, како и жичарницата, па има скијање и на Стаза, и тоа без гужва, вистинско уживање.

Цената на жичарницата во две насоки изнесува 500 денари.

фотографии – гламур.мк

Маркетинг

Инаку, со почетокот на ски-сезоната (30 ноември) беа објавени и новитетите за 2024/25. Покрај стандардните сезонски карти, Ресорт Маврово подготви пакет 1+1, односно карта за возрасен и карта за младинец или дете со попуст до 60 проценти на втората карта. Тие се во комбинација скијач + скијач или жичарница + скијач.

Маркетинг
Од годинава во SUPER Early Bird понуда се тридневните (три последователни дена) pre-paid ски карти за возрасни, млади и деца со голем попуст. Менаџментот на Ресорт Маврово одлучи годинава во Super Early Bird цената на детската карта да изнесуваат 1.200 денари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button