Реклама
Трендови

Топла како прегратка, нијанса што ќе доминира во 2025 година – како да ја носиме и комбинираме

Мока мус, односно Пантоне (Pantone) број 17-1230, е прогласена за боја на 2025 година. Опишана е како „топла, кафеава нијанса“, а се предвидува дека тонот на кафето ќе доминира во дизајнерската индустрија во следните 12 месеци.

Реклама

Пантоне (Pantone) објави дека бојата на 2025 година е Мока мус (Mochа Mousse). Оваа топла, мека боја ги комбинира нијансите на крем и кафена, одразувајќи ја смиреноста и удобноста.

 

View this post on Instagram

 

Маркетинг

A post shared by Times Food & Nightlife (@timesfoodandnightlife)

Маркетинг

Дизајнирана е да создаде атмосфера на хармонија и рамнотежа во нашиот стил, и воопшто свет, заситен со брзи промени.

Мока мус нијасната ќе биде популарна не само во облеката и модните додатоци, туку и во обувките, во дизајнот на ентериер, со цел да внесе мирен, елегантен допир во секојдневниот живот кој промовира спокојство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC – UNITED FARMERS CREAMERY (@unitedfarmerscreamery)

Извршната директорка на Институтот за бои „Пантоне“, Леатрис Ајсман, ја опишува мока мусот како боја што ја одразува потребата за хармонија.

Мока мус потсетува на вкусни десерти, богато кафе и какао. Браон нијансата е земјен, природен пигмент кој поврзува, давајќи чувство на вкоренетост.

Без разлика дали оваа нијанса ќе ја носите на себе, преку облеката, или во оваа нијанса ќе го обоите ѕидот во собата во која што престојувате, ќе добиете емотивен, но смирувачки тон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reparații | Construcții | Reconstrucții | Renovări | Chișinău (@proconsart)

Оваа топла, богата кафеава боја нуди бројни можности за комбинирање во модата и во дизајнот.

Комбинации со Мока мус (Mocha Mousse):

Неутрални тонови: Мока мус одлично се вклопува со неутрални бои како крем, беж и сива, создавајќи елегантен и софистициран изглед.

Топли нијанси: Комбинирајте ја со теракота, карамела или боја на глина за да постигнете топол и пријатен изглед или амбиент.

Контрастни бои: За подинамичен изглед, спарете ја со длабоки зелени нијанси или богата сина боја за да создадете впечатлив контраст.

Светли акценти: Додавањето на детали во жолта или праска боја може да внесе свежина и енергија во комбинацијата со мока мус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aecsh (@aecshlife)

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button