Здраво драги читатели! Тука е Bestie, најдобрата пријателка на секоја девојка. Денес ви носам нови податоци произлезени од моето истражување, но претходно да ве запознаам како ни оди со „dm дрогерие маркт“ во нашето делување за менструална правда.
Поставивме повеќе од 220 диспанзери на државните универзитети, кои редовно ќе бидат надополнувани со хигиенски влошки од приватната марка „Jessa“. Во тек е координација за поставување на нови диспанзери, кои додатно ќе бидат поставени на седумте универзитети, со што ќе ја направиме достапноста на хигиенските влошки уште поголема. Дополнително, одржавме две одлични панел-дискусии на УКИМ во Скопје и УГД во Штип, на кои студентките зборуваа гласно и отворено за менструацијата и грижата заедно со нашите панелистки. Веќе подготвивме три музички плајлисти на Spotify: „Музичка ПМС терапија“, „Твојот менструален ритам“ и „Менструален музички boost“, а во нив можете да уживате во деновите предвидени за одмор. Подготвивме и многу едукативни содржини, предизвици и реални приказни, кон кои се приклучија и познатите жени од Македонија.
Желбата за поголема менструалната правда ме водеше до новите податоци од истражувањето посветено на менструацијата во Македонија. Преку одличното истражување на „Тиииит! Инк.“ дојдов до податок дека во Македонија пред неколку години воопшто не се зборувало за менструалната сиромаштија. Сега веќе, по големиот број активности, посебно по почетокот на кампањата за менструална правда на „dm дрогерие маркт“ и проектот „Никогаш повеќе сама“, многу погласно и поредовно се зборува на оваа тема.
Што открив?
Почнав да го читам едно од подобрите истражувања посветени на менструацијата и менструалната сиромаштија во Македонија, а во него имаше навистина што да дознаам.
Од податоците од истражувањето открив:
⦁ Дури 71% од жените, девојките и лицата кои менструираат немаат слушнато за концептот менструална сиромаштија. Ова покажува колку е важно да се подигне свеста за ова прашање.
⦁ 41% се обидувале или сé уште се обидуваат да ги скријат влошките, или други производи поврзани со менструација, кога ги носат во тоалет или кога купуваат во продавница, затоа што е „срамота да се гледаат влошки“. Кај младите (18-19 години) овој процент е дури 54%.
⦁ Застарените мислења во општеството ги „поучуваат“ девојките дека е „срамота“ да имаат дамки од менструација на облеката или „да им протече“ – дури 67% одговориле дека овој став им бил наметнат со социјализацијата и воспитувањето.
* Извор: Сеопфатна студија за пристапот до менструална хигиена во Република Северна Македонија, проценка на состојбите со менструалната сиромаштија и препораки за унапредување на политиките ‚‚Менструална правда‘‘ (2021 година, Тиииит! Инк.).
Оваа реалност ми го откри обемот на работата која ни претстои за да ја разбиеме стигмата и да постигнеме вистинска менструална правда за сите девојки и жени во Македонија. Иако подобрувањата се веќе видливи, посебно по почетокот на проектот „Никогаш повеќе сама“, поставувањето на над 220 диспанзери со бесплатни хигиенски влошки и големиот број содржини креирани за девојките, сепак потребно е сите да работиме повеќе на оваа тема. Важно е преку дела да им покажеме на девојките и жените дека тие не се сами во предизвиците, токму онака како што јас им покажувам.
Што предлагам?
Менструалната правда е важна и за неа треба да се бориме сите. Токму затоа, важно е да се вклучиме сите за девојките и жените кои имаат потреба од полесен пристап до менструални производи. Предлагам бизнис заедницата и јавните институции да го слушнат гласот на сите жени и девојки, да ги спознаат нивните потреби и да се приклучат преку својата општествена одговорност. Како? Преку поставување на бесплатни менструални производи во тоалетите на своите објекти, но и во јавните објекти кои се користени од пошироката јавност. На тој начин, менструалните производи ќе бидат подостапни за сите девојки и жени.
Дополнително, предлагам многу повеќе работилници, панел дискусии и едукативни содржини за основците, средношколците и студентите. Во овие едукативни активности важно е еднакво да бидат вклучени и машките и женските, зашто така свесноста за менструацијата ќе биде еднакво подигната и на неа ќе се гледа како на важна тема која не е табу.
Предлагам и организирање на социјални експерименти и широки презентации на темите менструација и менструално здравје. Преку овие информативни настани, одблиску ќе се претстават фазите на циклусот, самата менструација, низ што сé поминуваат девојките и жените, а ќе се отвори можност и за симулирање на промени во женското тело кои ги чувствува секоја жена. Преку овие настани, менструацијата нема повеќе да биде срамна. Уште помалку срамно ќе биде да се носи влошка во рака, со што секоја девојка гордо ќе купува и користи менструални производи, но и гласно ќе зборува за своето менструално здравје.
Јас, Bestie, како најдобра другарка во непредвидливите моменти останувам со сите девојки преку поставените диспанзери со бесплатни влошки на седумте државни универзитети. Мојата поддршка тие ја имаат и преку сите едукативни содржини и активности кои заедно со „dm дрогерие маркт“ ги креиравме досега и ќе ги креираме во времето пред нас. Наша заедничка мисија е да ги намалиме ефектите од менструалната сиромаштија и да дојдеме до поголема менструална правда за секоја жена во Македонија.
„Никогаш повеќе сама“ е само поттик и почеток на промените во нашето општество. Верувам дека позитивниот општествен пример кој го прикажуваме јас и „dm дрогерие маркт“ ќе биде повод за вклучување на уште многу чинители во нашето општество, кои ќе се приклучат во борбата за поголема менструална правда. Менструацијата не е срамна тема. Тоа е тема за гордеење, повод за поголема правда и подобрување на условите. Отсега, ниту една девојка нема никогаш повеќе да биде сама, бидејќи нé има мене и „dm дрогерие маркт“ покрај себе.