Познатата песна „Заиграј со мене“, доби нова верзија, благодарејќи на Дац и Александар кој се здружија, запеаја, заиграа и снимија спот со легендарната Виолета Томовска.
принтскрин, Јутјуб
„Многу се радувам што сум дел од оваа топла приказна! Приказна за повозрасните да се потсетат, а помладите да научат и дознаат! Во чест и сеќавање на Маестрото наш Милан Завков и осумдесетиот роденден на македонската кралица Виолета Томовска“ – напиша Дац на социјалните мрежи.
Advertisement
„Ја вративме нашата кралица на сцената“ – напиша Александар кој го направи и аранжманот на песната.
На хармоника е Мишел Трајковски, гитари: Бобан Василески / Ташко Грујовски, труба: Диме Танчев клавијатури: Боби Јоргушески, а диџеј е: Миле Ѓуриќ.
Advertisement
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .