Реклама
Наши ѕвезди

Каролина Гочева и Наум Петрески за Нова година ќе настапат на плоштадот во Охрид – еве што ќе се случува за празниците во овој град

Охриѓани и оние кои планираат празничните денови за дочекот на Нова година да ги поминат во Охрид, ќе можат да се забавуваат со неколку организирани концерти и настапи на наши познати изведувачи.

Реклама

На 30-ти декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во 20 часот публиката ќе може да го проследи стендап шоуто 2 Mothers Brothers на Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски.

На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2025 година, охриѓани и туристите ќе може да уживаат во настапот на поп-ѕвездата Каролина Гочева, македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, миленикот на младата публика Пајак и охридската група Take 5, DJ Gec и DJ Face.

На 1-ви јануари на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе има дневна забава за која ќе се погрижат уникатната Сара Мејс и групата „Балканикос Бенд“.

Маркетинг

Инаку, на 30 декември во охридскиот Хангар клуб ќе настапи Теа Таировиќ, а билетите се во продажба по цена од 1500 денари. На 31 декември ќе настапи Puzzle DJ Crew, а на 1 јануари – Џани и Либеро бенд.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button