Реклама
Новости

Ќе се снима тв-серија и филм за Тоше Проески – со буџет од над 95 милиони денари

Финансиските средства ќе бидат обезбедени од буџетот на Македонија преку Министерството за дигитална трансформација, а ќе бидат во висина од над 95 милиони денари. 

Реклама

Македонската радио-телевизија ќе биде носител на проектот – снимање на игран филм, документарец и ТВ-серија посветени на големата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески. Копродукциски во овој проект ќе бидат вклучени неколку национални телевизии од Балканот.

– Идејата потекна од МРТВ и копродукции од Македонија и Балканот, но секако инспирацијата, иницијативата, главно ја предводеше претседателот на Владата Христијан Мицкоски, и во координација со министерството за култура и со  министерството за финансии, во експресно брза постапка се обезбедија средства – истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во утринското гостување на МТВ.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button