По Цаци од Сител ТВ, си блесна и убавата Елена – ќе се изненадите од ова издание на водителката
Елегантни панталони и сако, а околу вратот – бисери!
На прославата на Сител водителката Елена Стојановска-Јанковска беше видно расположена и цела вечер позираше насмеана
Познатата водителка се појави на прославата на телевизија Сител и со своето елегантно издание го украде шоуто.
Имено, телевизија Сител деновиве прослави 30 години откако за прв пат почнале со емитување на својата програма, па на забавата се појавија бројни познати личности, а меѓу нив и убавата водителка Елена.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Таа за оваа пригода избра елегантни беж панталони и сако во истата нијанса под кое носеше свилена маичка зачинета со тантела.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Околу вратот носеше ѓердан со бели бисери, а целото издание го заокружи со бели салонки со високи потпетици и црвен кармин.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Таа позираше со бројни познати личности, а на својот Инстаграм сподели фотки на кои е со Тони Михајловски, но и со Бранко Огњановски (Миле Паника) и легендарниот Васко Тодоров (Тошо Малерот).
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Како Еленаа изгледаше во ова издание и зошто сите беа воодушевени кога се појави во телевизијата, погледнете во продолжение.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Потсетуваме, телевизија Сител неколку дена претходно по повод прославата организираа и концерт во МНТ.
Инстаграм/ Славица Арсова
И тогаш бројни познати личности се појавија на црвениот килим, а внимание привлече и водителката Славица Арсова.
Цаци тогаш носеше црна креација со фасцинантен детаљ во горниот дел, а како изгледаше и таа, погледнете во продолжение…