Наши ѕвезди

Сузана Спасовска со молитвена песна за Свети Никола – „среќна слава домаќини“ (видео)

Advertisement

Фолк дивата Сузана Спасовска им го честита големиот христијански празник Свети Никола на сите оние што вечерва и особено утре го прославуваат, на денот на Свети Николак Чудотворец.

Тропарот (кратка молитвена песна) на Свети Никола, таа го изведува со Црковен клирос Пелагонитиса, а видеото е излезено оваа година.

Advertisement

„Среќна слава домаќини, Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, и честити имендени на сите кои го носат неговото име! Свети Никола, се смета за еден од најголемите и најпочитувани светци во православната црква, и се верува дека ги заштитувал луѓето од секакви неприлики и им помагал на сиромашните, но најмногу е запаметен како господар на водите, на морињата, на корабите, и патниците што патуваат по вода. Нека е за многу години!“ – напиша Спасовска на социјалната мрежа Фејсбук.

Уживајте во ангелскиот глас на Сузана.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button