Реклама
Наши ѕвезди

По два пропаднати брака се ожени со 25 г. помлада – Македонецот што го воодушеви целиот Балкан

Помладите жени го прават повитален – сите се изненадени кога ќе ја видат неговата сопруга

Реклама

Натпреварувач што го изненади сите

Кирил Котевски има 62 години и денес живее во Ниш, а е поранешен уличен свирач и професор по музичко.

Како што самиот откри кога се натпреваруваше во „Никогаш не е доцна“, Кирил и покрај тоа што има диплома од Музичка академија шест години работел како уличен свирач во Минхен, каде со бендот има освоено прво место на фестивалот за улични бендови во Германија.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не вели никогаш

Но што се однесува до неговата кариера, Кирил пред неколку години кога настапи во шоуто, откри зошто не успеал како пејач.

Маркетинг

„Не станав големо име затоа што кога почнав да одам на фестивали, јас се вљубив и од Македонија дојдов во Србија“, се пошегува Кирил.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не вели никогаш

Имено, Кирил денес живее во Ниш и работи како професор, а во брак е со 25 години помлада жена заради која заминал од Македонија.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не вели никогаш

И како што самиот откри во една пригода во „Никогаш не е доцна“, тој отсекогаш сакал млади жени, па не е ни чудо што по трет пат се оженил со убавица која речиси цели три децении е помлада од него.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не вели никогаш

За мојот младешки изглед задолжени се млади жени, поприлично помлади, едно десетина до дваесет години, се пошегува Кирил во една пригода на своја сметка додавајќи дека вистинската љубов не познава години.

„Мојата сопруга е 25 години помлада од мене и ми роди дете. Знаете, вистинската љубов ретко доаѓа, а кога ќе дојде, годините не се важни. Никогаш не се почувствувала разликата во годините, ако сте сонувач или романтик како мене, тогаш жените подобро и полесно ќе ве прифатат“, вели тој.

Инаку, Кирил и неговата помлада сопруга со која е во брак веќе неколку години заедно работат како професори во училиште.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не вели никогаш

И додека тој предава музичко, таа ги учи децата англиски јазик, а како што изјави Кирил, работата како учители дополнително ги зближила.

Што сé друго открива Кирил за бракот со својата помлада сопруга, но и како звучеше во шоуто, погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button