Препораки

Вашиот едноставен водич за тоа како да го изберете совршениот подарок од dm дрогериите

Прочитајте во продолжение како брзо и лесно да дојдете до идеалното изненадување за под елката!

Реклама
Реклама

Кога станува збор за подароци, секогаш е важно да се изрази љубовта и вниманието кон вашите сакани. Во dm дрогериите, имате на располагање многу опции кои ќе ви помогнат да го пронајдете идеалниот подарок, без да го оптеретите вашиот буџет. Прочитајте во продолжение како брзо и лесно да дојдете до идеалното изненадување за под елката!

Чекор 1: Размислете за интересите на личноста за која го избирате подарокот

Запишете ги хобијата и интересите на вашата сакана личност. Дали сака да се грижи за кожата, да се шминка или можеби да ужива со добар парфем? Обрнете внимание на нивните желби. Можеби и веќе споменале некој производ што го сакаат или нешто што им недостасува.

Маркетинг

Чекор 2: Избор на подарокот

Истражете ги сите производи во dm кои имаат секогаш поволни цени! Подарок сетовите се одличен начин да комбинирате различни производи во еден подарок. Дали тоа е сет за нега на кожа, или пак сет за нега на коса, овие сетови се внимателно избрани и спакувани за да го направат вашиот подарок уште поспецијален. Од друга страна, ништо не зборува за љубовта како убав парфем. Изберете мирис кој ќе ги потсети на вас секој пат кога ќе го носат. Доколку пак, вашата сакана е љубител на шминка, тогаш шминката од dm е совршен избор. Од кармини до сенки за очи, тие имаат сѐ што е потребно за совршен изглед. Ако не сте сигурни што да изберете, dm подарок ваучерите се идеално решение! Достапни во износи од 350, 500 и 1.000 денари, тие им овозможуваат на вашите сакани самите да изберат што сакаат оваа Нова година!

Чекор 3: Завршете со стил

Знаете ли дека во dm бесплатно ќе ги спакуваат вашите подароци купени во dm дрогериите? Нека вашето внимание биде видливо и во начинот на пакување! Вештите раце на вработените ќе се погрижат вашите подароци да изгледаат прекрасно и ќе ги подготват за под елката.

Маркетинг

Следејќи ги овие три чекори, ќе можете да изберете совршен подарок за вашите сакани во dm. Без разлика дали се работи за подарок сет, парфем или шминка, вашето внимание и љубов ќе бидат ценети. Посетете ја вашата најблиска dm дрогерија и создадете незаборавни моменти!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button