Еве како изгледа кралицата на фолк-пејачот Спасен Сиљаноски, но и богатството со што се гордее
Пејачот ја покажа сопругата, но и своето најголемо богатство
Нашиот познат пејач Спасен Сиљаноски со својата сопруга Ана има две деца и ужива во брачниот живот со неа.
И додека неговата жена ретко се појавува во јавноста, Спасен веќе некое време го гледаме и во улога на водител во емисијата „Везилка“.
Пејачот исто така е поприлично активен и на социјалните мрежи, а сега сподели една фотографија што сите ги изненади.
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Имено, Спасен на својот Инстаграм сподели фотографија од една веселба и покажа каква убавица е неговата сакана.
„Мојата Кралица, мојот живот, мојата најголема поддршка“, напиша Спасен во описот на фотографијата.
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Следуваа бројни коментари од неговите фанови, а сите се согласни дека пејачот е среќен човек со ваква убавица покрај себе.
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Потсетуваме, Спасен покрај тоа што никогаш не криел колку е вљубен во својата сопруга со која има две деца, тој многу пати јавно истакнал дека за него најголемото богатство е неговата публика.
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Па така Спасен во една пригода ќе напише:
„Пред неколку денови некој ме праша : “Спасене колку си богат?”……Оваа слика е мојот одговор, оваа публика е моето богатство 😇 p.s. Кој кажа дека Македонските фолк пејачи не можат да соберат десетици илјади народ?“, напиша Спасен Сиљаноски во описот на фотографијата од еден негов настап.