TV

Празничната реклама со двете разделени девојчиња ги ранежнува срцата – Неверојатно убава порака за нашите поларизирани времињa 

Убаво е сите да најдеме начини да ги срушиме бариерите и да ја прифатиме радоста на пријателството во оваа празнична сезона, пред Божиќ. 

Реклама
Реклама

Рекламите, се разбира, се дизајнирани да го привлечат нашето внимание за да ни продадат производ или услуга. Но, повремено се појавува реклама за да се постигне истата цел, но на попромислен начин, со уметничка убавина и искрена порака што допира до нашата хуманост.

Рекламата на германската компанија за телекомуникации, повеќе изгледа на краток филм отколку како реклама. Како што свири верзијата на „Шчедрик“ (украинската народна песна), гледаме две девојчиња – едното облечено во црвено и има шилест нос, а другото девојче е облено во сино и има шпицести уши.

Двете создаваат пријателство и покрај стаклата што ги раздвојуваат.

Маркетинг

Сцените наизменично се менуваат помеѓу радоста на заедничкото играње и јасната порака дека нивните постари роднини не сакаат да комуницираат една со друга.

Јутјуб

Девојчињата, сепак, сакаат да продолжат да си играат, но увидуваат колку се ограничени поради стаклените ѕидови меѓу нив.

Маркетинг

Отворањето на нивните подароци на крајот е неверојатно убав, со моќна порака.

Уривањето на бариерите е класична порака, но оваа порака се чувствува уште помоќно и доаѓа навреме за нашата високополаризирана сегашност.

Рекламата прави суптилна алузија на берлинскиот ѕид, но ѕидовите што ги делат овие девојчиња се совршено проѕирни. Тие можат да гледаат во световите едни со други, но не можат да го надминат она што ги дели.

Начинот на кој тие го гледаат проблемот, но се чувствуваат немоќни да го променат, изгледа како соодветна метафора за денешните поделби, како и меурите што ги опкружуваат девојчињата и нивните заедници што ги спречуваат целосно да комуницираат една со друга.

фотографии Јутјуб

За многумина насекаде низ светот (каде што се емитува), ова е најубавата божиќна реклама, барем што се однесува на оваа година. Бројни се коментарите дека видеото е изненадувачки потресно.

„Тоа е невидливиот ѕид што луѓето го градат меѓу себе поради воочените разлики…националноста, религијата, сексуалната ориентација и како тие тоа го овековечуваат со тоа што им ја пренесуваат сопствената бариера и на своите деца“. „Чисти и неосудувачки умови и срца на децата – толку многу што возрасните би можеле да научат од нив!“. „Ова покажува дека владите и „важните“ луѓе не можат вечно да ги одвојуваат луѓето“.„Нокаут-божиќна реклама со длабока порака за нашето време“, гласат дел од коментарите.

Ознаката за рекламата на споделувањето на Јутјуб гласи:

„Поврзувањата започнуваат кога ќе се скршат бариерите“. Тоа е добар потсетник дека многу од она што нè дели се невидливи бариери што ги создадовме и со кои пораснавме да се идентификуваме. Гледањето на тие нешта низ очите на децата помага да се истакне колку е апсурдно да се оградуваме еден од друг поради разликите – прастара човечка навика за предрасуди што само води до повеќе недоразбирања и страдања.

Можеби изгледа страшно да ги скршиме „меурчињата“ што ги изградивме околу себе, но кога ќе го направиме тоа, може да откриеме дека она што е на другата страна не е ни приближно страшно како што сме наведени да веруваме.

Затоа, убаво е сите да најдеме начини да ги срушиме бариерите и да ја прифатиме радоста на пријателството во оваа празнична сезона, пред Божиќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button