Македонка која на 18 растури во „Ѕвездите на Гранд“, па се омажи како во турските серии и сите ги изненади
Иако беше една од најмладите, на сцената секогаш знаеше да изнесе неверојатни емоции
Младата пејачка од Македонија, Мелиса Зијадиќ, претходната сезона беше најмладата финалистка во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа со секој свој настап ги воодушевуваше сите, а многумина во шоуто ја нарекуваа македонската Драгана Мирковиќ.
Вистинско лудило беше и кога Мелиса настапи во дуел со уште една Македонка, Андријана Петрушовска, кога и двете буквално растурија на грандиозната сцена, а Светлана Цеца Ражнатовиќ беше пресреќна што нејзината кандидатка помина директно.
Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ
Имено, Мелиса беше во тимот на Цеца, заедно со Мики Секуловски и Шејла Зониќ, победничката во оваа сезона.
Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ
Мелиса на крај заврши на петто место, а во шоуто освен на Цеца им беше миленичка и на сите останати.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
„Само ќе и кажам на Мелиса нека и е алал на мајка ти што те родила, ти си нешто најубаво што сум го слушнала во оваа сезона, што се однесува до моите уши. Девојката број два беше добра, но ова е нешто што просто мене ме фасцинира и ќе ми беше криво ако останеше кај Ѓорѓе“, изјави Снежана Ѓуришиќ по еден од генијалните настапи на Мелиса во шоуто.
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Инаку, Мелиса по завршувањето на финалето ги изненади сите со уште една убава вест, но овој пат од нејзиниот приватен живот,
Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ
Имено, таа се сврши со своето момче, а по веридбата која беше како во турските серии, наскоро следува и голема свадба.
Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ
Но Мелиса за сега не сака да открие кога ќе биде свадбата, па така неодамна за „Гранд“ само откри дека следниот месец треба дојде момчето да ја земе од нејзиниот дом, бидејќи се уште живее во куќата на родителите во прилепското село Лажани.
Повеќе за ова прочитајте тука…