Тарчуловска го покажа синот. Младен порасна, сега е вистински фраер – мама се топи покрај него
Пејачката ги изненади сите со фотографијата
Пејачката го покажа синот кој ретко го гледаме во медиумите
Познатата фолк-пејачка, Соња Тарчуловска, сподели фотографија на која е заедно со својот син, Младен.
За разлика од неговата сестра, Мелани, која тргна по стапките на својата мајка и често ја гледаме во медиумите, Младен не сака премногу да се експонира, па неговата мајка ги изненади сите со оваа фотографија.
Имено, Тарчуловска на својот профил на Инстаграм сподели фотографија на која е заедно со својот наследник.
Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Оваа фотографија ги воодушеви нејзините бројни фанови, па следуваа бројни коментари, но и комплименти за Младен.
Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Потсетуваме, Соња и Јохан Тарчуловски покрај Младен (17) ги имаат и ќерките Мелани (19) и Јоана која ова лето наполни 9 години.
Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Соња и пред неколку недели ги изненади сите со фотографија на која е со својот наследник, но и со својот татко.
Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Инаку, Соња Младен го доби додека Јохан беше во затвор во Хаг, а во една пригода за овој период за Гламур ќе изјави:
„Најголемата сила заеднички со Јохан ја црпевме од нашите деца Мелани и Младен со надеж дека ќе дојде подобро утре“, се присети Тарчуловска истакнувајќи дека тоа било најтешкиот период за целото семејство, но и дека во тие тешки моменти најмногу и помогнала вербата во Господ.
Целото интервју со неа прочитајте го тука…