Празнична еуфорија во домот на најпознатата лото девојка – Сузана позира без шминка и пак е преубава! (фото)
Водителката Сузана Манчиќ (68) сподели фотографија од семејниот дом, откривајќи како го украсила просторот за претстојните празници.
Во центарот на дневната соба доминира голема елка која со врвот стигнува до таванот. Декорирана е со црвени и сребрени лампиони, додека светилките дополнително ја истакнуваат празничната атмосфера.
Сузана позира со својата помала ќерка, без шминка, носејќи рогови од ирваси на главата. И пак е преубава!
Многумина велат дека Наталија е вистинска копија на мајка си.
View this post on Instagram
Маркетинг
За оние кои не се во тек, Сузана Манчиќ повторно им се врати на тв-екраните, овојпат како водителка во емисијата „Блиц дан“.
Инаку, на инстаграм-профилот на познатата водителка налетавме и на објава од Гламур.мк. И многу ни е мило што ѝ се допаднало текстчето.
„Долгогодишното пријателство, љубов и почитување зрачат од оваа фотографија, мрежите во Македонија горат. Па и јас да се пофалам со своите пријателки“ – напиша Сузана во објавата.