Реклама
Новости

Од Џамбазов и Каролина до Пајак, Лара и Тони Зен – Аеродром и Џевахир Мол Скопје со концерт ќе ја испратат 2024 на 21 декември

Реклама

Аеродром и оваа година традиционално го организира предновогодишниот музички спектакл под мотото „Аеродром пулсира vol.3”! На 21 декември, со почеток во 18:30 часот, во трговскиот центар Џевахир Мол Скопје, ве очекува вечер исполнета со музика, емоции и забава.

Годината во која Џевахир Мол од сон стана реалност заслужува да биде испратена на најдобар можен начин – со настапи на најголемите ѕвезди од македонската музичка сцена. Сите љубители на музиката ќе имаат можност да уживаат во незаборавен музички спектакл кој ќе ги разигра срцата и ќе создаде спомени за паметење.

Вечерта ќе ја отворат Игор Џамбазов и Гуру Харе, чии хитови со години се дел од срцата на многу генерации. Потоа ќе настапи Тони Зен, ѕвездата на македонската рап музика, кој ќе ја исполни сцената со моќна енергија, по што младата публика ќе ја освојат Пајак и Лара, чии модерни хитови редовно ги освојуваат топ-листите.

Маркетинг

Кулминацијата на вечерта ќе ја направи Каролина Гочева со нејзините незаборавни песни, кои ќе ги разнежнат срцата на сите присутни.

Идејата е годината да се испрати со уникатна и разновидна музичка програма што ќе ги задоволи сите вкусови и музички стилови. Овој концерт е за сите кои сакаат да ја заокружат 2024 со магична музичка вечер.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button