Водителката ужива, а луксузот „вреска“ од сите страни – хотелот „перверзија“ со поглед од милион долари
Насекаде само луксуз и мераци
Е вака се живее
Водителката Лила Филиповска моментално ужива за сите пари во Дубаи заедно со својот син единец, Филип Филиповски.
И откако замина постојано ги споделува на Инстаграм најубавите моменти од оваа луксузна дестинација, а фановите ги почести и со „пикантни“ фотографии на кои позираше на плажа.
Но многумина се воодушевени и од сиот тој раскош со кој Лила е опкружена, но и од местата што ги потсетува.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Имено, водителката покрај бројните атракции што ги нуди Дубаи покажа и како си поминуваат во македонскиот ресторан „Мерак“. И додека музичарите свиреа македонска музика (и по нешто српско), синот на Лила ги почести со бакшиш, а шармантната водителка цело време уживаше и беше поприлично расположена.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Сепак, она што привлече најмногу внимание беше луксузниот хотел, како и преубавиот базен кој се наоѓа во „облаците“.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Водителката го покажа и погледот од милион долари од ова место, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…