Даниела ја победи шампионката од Африка и го развеа македонското знаме – вака се пишува историја
Таа е амбасадорка на македонскиот боречки дух, а за Црна Гора ова беше историски момент
Македонката Даниела Алексовска имаше одлична борба во рамките на ММА натпреварот организиран од МФЦ во Црна Гора.
Таа успеа да ја победи шампионката на Африка, а според многумина ова беше најинтересната ММА борба на МФЦ во последните години.
„Пишуваме историја, ова беа зборови на коментаторите на преносот кој одеше во живо“, напиша Ивица Алексовски, нејзиниот тренер.
Фејсбук/ Ивица Алексовски
Потсетуваме, во 2024 година, Даниела го освои првото место на престижното АДЦЦ Европско првенство – и ова беше моментот кој ја постави на врвот на светот на граплингот. Таа е активен натпреварувач и на АЈП каде што нејзините виски пласмани и освоени поени го зацврстуваат нејзиното меѓународно признание, но како што во една пригода објави нејзиниот тренер, амбициите на Даниела не застануваат тука, туку активно учествува и во ММА борбите каде што се рангира меѓу најдобрите во Европа, и посебно на Балканот, носејќи ги боите на Македонија во секоја своја борба.
Фејсбук/ Ивица Алексовски
Таа е една убава и храбра млада дама која со својот талент покажа дека ММА и убавината сепак одат заедно.
Фејсбук/ Ивица Алексовски
Но кога е на рингот Даниела знае да им втера страв во коските на оние што ќе застанат спроти неа, а така беше и со Даниела Мендаџи, шампионка во ММА од Африка.
Фејсбук/ Ивица Алексовски
Имено, Македонката со едногласна одлука на судиите извојува импресивна победна на натпреварот организиран во Црна Гора.
Фејсбук/ Ивица Алексовски
„Мислам дека ова ми беше најинтересен меч и највозбудлива победа досега“, изјави Даниела по борбата за црногорските медиуми.
Фејсбук/ Даниела Алексовска
Инаку, ова беше прв пат во рамките на овој натпревар да учествуваат жени, така што Даниела навистина со победата пишуваше историја.
Фејсбук/ Ивица Алексовски
Покрај неа на овој натпревар учествуваа и нашите ММА репрезентативци Лука Стојановски, Марко Трајановски, Вања Гавриловски и Дарко Димитриев. Вања забележа атрактивна победа со нокаут, додека Марко Трајановски имаше тотална доминација.