Втора кожа и лакирани штикли – По „Ѕвездите на Гранд“, Андријана Петрушовска ги полни клубовите (фото)
Скопјанката Андријана Петрушовска популарноста ја должи на „Ѕвездите на Гранд“, од чија сцена – пласирајќи се во финалето – со забрзано темпо почна да ја маѓепсува публиката по клубовите каде што настапува.
В сабота (14 декември) нејзините обожаватели ќе можат да ја слушаат (и гледаат) во барот „Рома“ каде ќе ја вжештува предновогодишната атмосфера.
Својот екстравагантен стил, Андријана го покажа уште со своите настапи во музичкото натпреварување во Белград, па не изненадуваат нејзините смели модни избори кои знае да ги носи.
Овојпат, витата линија ја истакна со „втора кожа“, односно хеланки со ефект на кожа кои ги облече со кратка бела бундичка.
Усните ѝ се видно нагласени, дотолку што предизвикуваат гласини дека интервенирала на нив со „дополнување“.
Чевлите пак, со кои се пофали, се лакирани, во бордо нијанса, со нагласени панделки и високи потпетици што ги прави погодни за комбинирање и со фармерки и со фустан.
Потсетуваме, во октомври годинава, Андријана се врати на бината на „Ѕвездите на Гранд“ на воодушевување на нејзината публика, и ја претстави нејзината прва песна на српски јазик насловена „Маније“.
View this post on Instagram
„Маније“ набргу доби свој видеоспот, па доколку сте го пропуштиле, еве го за плакнење очи.