Фолк пејачката Сузана Гавазова има на што да се гордее. Нејзините преслатки две ќерки, Селена и Емили, веќе тргнаа по стапките на мама и ги покажаа своите музички вештини.
Пејачката се пофали со нив на социјалните мрежи.
„Вечерва (вчеравечер, н.з) моите ќерки свиреа на концерт во музичкото училиште во Струмица “Боро Џони” и се забавуваа на концертот заедно со своите другарчиња, а родителите изгледаа како да се вистински фанови“, напиша Сузана, заблодарувајќи се на учителот Дарко Атанасов и на учителката од основното училиште „Сандо Масев“, Васка Георгиева.
Преслатките девојчиња, за свечениот настап се дотерани во плисирани сукњички во комбинација со бели блузи, бели хулахопки и патики.
Но за разлика од мама која е кралица на фолкот, тие преферираат да свират класична музика.