Македонецот што победи во шоуто на „Гранд“ соопшти преубава вест: Го спомна попот, но и сопругата
И таа е професорка, но и поранешна пејачка
Беше весело овие денови во семејството на Бобан…
Пејачот Бобан Цаневски постигна голем успех во „Никогаш не е доцна“, а сега сподели една преубава вест со своите пријатели.
Имено, на Бобан додека се натпреваруваше во популарното шоу неговите деца и сопругата му беа најголема поддршка, а сега пејачот објави фотографија од партнерката, но и една среќна порака.
Имено, Бобан на овој начин и ја честиташе годишнината на својата сакана, а потоа сподели и фотографија на која се цело семејство.
Принтскрин/ Јутуб, Гранд
„23 години брак, и во добро и во зло, така кажа попот ! Среќна годишнина“, напиша Бобан под фотографиите што ги сподели.
Инстаграм/ Бобан Цаневски
Потсетуваме, Бобан Цаневски (48) по професија е професор по историја, а талентот за музика го наследил од својата мајка.
Тој во „Никогаш не е доцна“ најпрво се претстави со „Тајно моја“ од Тоше Проески, а потоа од круг во круг се повеќе ги воодушевуваше сите, така што во финалето потполно заслужено ја однесе победата.
Принтскрин/ Јутуб, Гранд
Бобан во финалето влезе со песна од Аки Ракимовски, а победи благодарение на гласовите по СМС од страна на публиката.
Фејсбук/ Бобан Цаневски
Инаку, професорка по македонски и поранешна пејачка е и неговата сопруга, Анета, која заедно со ќерката и синот го бодреше за време на натпреварот, а Бобан многу пати песните со кои настапуваше ги посветуваше токму на неа. Бобан во една емисија направи и вистински спектакл кога на сцената настапи со сопругата, но и со ќерката и синот, кој свири со него во бендот.
Инстаграм/ Бобан Цаневски
Тие тогаш сите заедно ја изведоа песната „Елено ќерко“, а како изгледаше овој нивен заеднички момент, потсетете се во продолжение…