Порно ѕвезда сака да постави светски рекорд со секс маратон со 1.000 мажи со кои планира да спие за 24 часа.
Британската порно актерка Лили Филипс неодамна почна да прима апликации за „рекорден настан на годината“, кој треба да се одржи во јануари.
Сегашната рекордерка е Лиза Спаркс, филмска ѕвезда за возрасни која спиела со 919 мажи во еден ден на настан во секс индустријата во Полска во 2004 година. Во тоа време, Спаркс изјави дека била „возбудена, но потоа имала болки една недела“.
23-годишната Филипс изјави дека „тренирала“ со месеци за да биде физички подготвена за предизвикот.
Сепак, лекарот Зак Тарнер предупреди дека таквата активност „од крајни размери“ може да има негативно влијание врз телото. „Сексот е инхерентно физички предизвикувачка активност која користи различни мускули, кардиоваскуларниот систем и ослободува ендорфини“, изјави тој за news.com.au. „Доколку се практикува во умерени количини, се чувствува како здрав тренинг – помага да се ослободи од стресот, да се зајакне кардиоваскуларното здравје и да се подобри емоционалната врска. Меѓутоа, ако се доведе до крајност, како што е 24-часовен секс маратон, физичките и физиолошките последици можат да бидат сериозни“.
Како дел од нејзината физичка подготвеност, која самата ја опишува, Филипс имала секс во големи количини и постепено ја зголемувала количината. Таа рече дека спиела со 101 маж за 14 часа и дека планира да го зголеми тој број на 300. Сепак, таа призна дека тоа е „напорна работа“. „Ако зборуваме за секојдневна работа, на пример, одење во канцеларија, тогаш спиењето со 101 маж е многу потешко“.