Реклама
Стил

Ивана од Скопје се преполови и со ова издание сите ги фрапираше – изгледаше како вистинска мачка

Поубава и од холивудските диви...

Реклама

Оваа скопјанка со своето издание никого не остави рамнодушен

Најголемите музички ѕвезди овој викенд на концертот „Македонија во срце те носиме“ им приредија спектакл на публиката.

И додека на сцената имавме можност да ги видиме Миле Кузмановски, Бојана Скеднеровски, Наум Петрески, Зуица Лазова, групата ДНК, Андријана Јаневска, Ламбе Алабаковски, Марија Спасовска, Огнен Здравковски, Александар Тарабунов, Мина Блажев.., многу познати лица имаше и во публиката кои исто така блескаа во своите вечерни изданија специјално избрани за оваа пригода.

Маркетинг

Една од нив беше и дизајнерката Ивана Кнез која за оваа пригода носеше тоалета во која не можеше да помине незабележано.

Маркетинг
Инстаграм/ Ивана Кнез

Креацијата е тесна во горниот дел и направена од црна проѕирна тантела, додека во здолништето полека се шири.

Станува збор за прекрасна креација со нејзин потпис, а во кој Ивана изгледаше како излезена од модните писти.

Инстаграм/ Ивана Кнез

Потсетуваме, Ивана која сега изгледа како вистинска мачка, симболот на модните додатоци со нејзин потпис, во една пригода отворено зборуваше за тоа како успеала да се реши од вишокот килограми.

Имено, дизајнерката пред неколку години ослабна 25 килограми и денес изгледа подобро од кога било досега, а како што самата откри во една пригода, не само што успеала да го донесе телото во топ форма, туку сега и се чувствува многу поубаво.

Инстаграм/ Ивана Кнез

Ивана со нејзината мајка

Па така таа вели дека е во беспрекорна состојба, а успеала и целулитот да го отстрани без суплементи, а блеска и нејзината кожа.

Инаку, Ивана веќе 15 години е дел од нашата модна сцена и е сопственичка на култниот бренд „Драма“. Повеќе нејзини фотографии погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Ивана Кнез

Инстаграм/ Ивана Кнез

Инстаграм/ Ивана Кнез
Инстаграм/ Ивана Кнез

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button