Заради овие сцени Бојана одвај издржа да не заплаче – пејачката нема да ги заборави овие моменти
Салата беше исполнета до последно место што само кажува за тоа како беше прифатен овој настан од публиката
Несекојдневен спектакл што ќе се памти
Филхармонијата во Скопје овој викенд беше исполнета до последно место каде публиката уживаше во македонскиот мелос во придружба на симфонискиот оркестар на Македонската филхармонјија и под диригентска палка на маестро Сашо Татарчевски.
Голем број наши познати музичари настапија со познати песни со кои публиката доживеа врвни емоции, а откако билетите беа распродадени организаторите од Скендаровски продукција соопштија дека сите средства од продажбата ќе одат во хуманитарни цели.
Публиката цела вечер уживаше во спектаклот преполн со енергија, а уживаа и самите изведувачи кои ја одбележаа оваа незаборавна вечер.
Инстаграм
Една од нив беше и убавата пејачка Бојана Скендеровски, која беше и дел од организацијата на проектот „Македонијо, во срце те носиме“, а која специјално за оваа пригода на сцената заблеска во две прекрасни креации со кои никого не остави рамнодушен.
Инстаграм
Таа посебно со песната „Заветна“ направи вистинска емоција во салата, додека публиката ги пееше стиховите со неа.
Инстаграм
Инстаграм
Впрочем ова беше и еден од најемотивните моменти на концертот, како и кога по завршување на истиот на сцената се појавија дечињата да и честитаат, а популарната пејачка одвај ги задржа солзите.
Инстаграм
Впрочем емоциите беа силни кај сите, а секако кај организаторите најмногу затоа што успеаја да направат ваков спектакл.
Инстаграм
Како Бојана изгледаше во ова свое издание за што беше наградена со громогласен аплауз од публиката, погледнете во продолжение…