Прво огласување на Саша Поповиќ, дебакл на скопјанката Емилија во „Ѕвездите на Гранд“ – „ова беше пекол“
Во синоќешната емисија „Ѕвезде Гранда“ се огласи Саша Поповиќ кој подолго време отсуствува од снимањето на ова музичко шоу поради здравствени проблеми.
Огласувањето на Саша се случи откако скопјанката Емилија Цветковска (34) доби шест копчиња за паника и со тоа го заврши своето натпреварување.
Инаку, Емилија по професија е пејачка, а завршила средно музичко образование.
View this post on Instagram
Маркетинг
Емилија ги отпеа песните „Дај не питај“ и „У мени јесен је“, но не успеа да ја доврши втората песна поради незадоволството на жирито.
Изненадена, скопјанката остана на сцена чекајќи објаснување зошто жирито смета дека отпеала лошо.
– Го имаш оној манир во пеењето, што ги надвладеа и придружните вокали – почна да објаснува Босанац, испуштајќи звуци на мјаукање, обидувајќи се да го имитира начинот на кој пееше Емилија, па додаде:
– Не дека не си музикална, туку девојко, пеј со глас и ќе биде супер.
Жирито немаше многу да додаде бидејќи, како што рече Вики, сите го слушнале истото, и тоа на сите им пречело.
– Ова беше пекол, ова афектирање, тоа погрешно афектирање што не оди со пеење. Интерпретација изгубена во вселената – додаде Мили.
Коментарот го прекина Воја Недељковиќ, кој очигледно беше на телефонска врска со Саша Поповиќ, кој го поздрави целото жири.
„И ние тебе Сале“, „Здраво мајсторе“, „Дојди ни што побрзо“…- беа зборови на отпоздравување од жири-комисијата.