Ви ја носиме магијата на Божиќните пазари низ Европа – празнични бајки од вкусови, миризби и светилки што го топлат срцето (фото)
Божиќните пазари во Европа се вистински храмови на традицијата и магијата. Места каде што секој штанд раскажува приказна, секој залак има историја, а секој момент е исполнет со топлина и радост.
Овие магични дестинации го доловуваат празничниот дух, со светкави украси, традиционални деликатеси и уникатни ракотворби.
Ви ја носиме празничната атмосфера низ европските градови.
Минхен, Германија
Божиќниот пазар Кристкинандлмаркт, кој се одржува на главниот плоштад во Минхен Маринплац, е еден од најстарите и најпознатите божиќни пазари во Европа. Се организира уште од 14. век, а денес пазарот има повеќе од 150 штандови, каде посетителите можат да најдат разни рачно изработени подароци, традиционална баварска храна и пијалаци, како и голем број празнични украси. Во воздухот се шири топлиот мирис на глувајн (кувано вино со зачини), братвурст (баварски колбаси) и лебкухен (печива со мед), создавајќи вистинска зимска ароматична бајка. Близу три милиони туристи и локални жители се собираат на овој пазар за да уживаат во празничната магија, опкружена со неоготска архитектура.
View this post on Instagram
Но не само Минхен, Германија нудимногу други божиќни пазари, од кои секој има свој уникатен шарм и карактер.
View this post on Instagram
Виена, Австрија – Романтика и традиција на секој агол
Виена е неоспорен лидер во создавањето на зимски романтични атмосфери. Божиќните пазари пред Градската куќа (Ратхаус) се едни од најпознатите во Европа и привлекуваат околу 2,5 милиони туристи секоја година. Љубителите на австриската традиција уживаат во „punsch“ (топол алкохолен пијалок) и австриските печива, како што е „kardinalschnitten“ (австриски традиционален десерт, кој се состои од лесна меринга и пена од јајца, обично сервирана со крем и во форма на слатка палачинка или ролна), додека малите штандови со накит, ракотворби и играчки од дрво дополнително додаваат магија. Виена го нуди најчистиот пример за австриската празнична елеганција и беспрекорен дух на традицијата.
Колмар, Франција – Божиќна бајка во срцето на Aлзас
Со својата претежно старинска архитектура, Колмар изгледа како сцена од бајка, а божиќните пазари ја зголемуваат таа магија. Градот, кој привлекува околу 1 милион туристи годишно, е познат по својата уникатна атмосфера која комбинира француски шарм и aлзаски традиции. На штандовите може да се најдат рачно изработени украси и деликатеси како „flammekueche“ (традиционален алзашки тарт) и „bredele“ (традиционални колачи). Колмар не е само пазар, тоа е целосно искуство, исполнето со светилки, ароматични мириси и музика која ја слави оваа прекрасна празнична сезона.
View this post on Instagram
Прага, Чешка – Зимска идилa која плени
Прага е една од најволшебните дестинации за време на Божиќните празници. Како да е искапена во бројни светилки, а божиќните украси и штандовите создава незаборавна атмосфера која привлекува повеќе од 1,5 милиони туристи секоја година. Посетителите можат да уживаат во чешките специјалитети како „Trdelník“ (традиционален колач) и „svařák“ (чешко греано вино), кои ги разгалуваат сетилата. Божиќниот пазар во Прага е познат и по ракотворбите – украсите од дрво, керамика и рачно изработените играчки. Чешката традиција на празничната гастрономија и магијата која зрачи од старите градски плоштади создаваат приказна која не може да се заборави.
View this post on Instagram
Стразбур, Франција – „Главниот град на Божиќ“
Во Стразбур, божиќниот пазар е нешто повеќе од обична трговска активност; тоа е вистинска празнична приказна, која започнува пред повеќе од 450 години. Со близу 300 штандови распоредени низ градот, посетителите можат да уживаат во реномирани француски специјалитети. Топли напитоци како „vin chaud“ (топло вино со зачин) и меден ликер, ракотворби и традиционални француски печива, како што се „bûche de Noël“ (божиќен колач во облик на дрво), дополнително го зачинуваат амбиентот. Страсбург го посетуваат повеќе од 2 милиони туристи годишно, кои не само што уживаат во пазарот, туку и во историската архитектура и романтичната атмосфера.
View this post on Instagram