Ќерката на Наум Петрески со преубава вест – сподели емотивна порака, тато ова нема да го заборави
Еве како Македонка Петреска му го честиташе роденденот на својот татко Наум Петрески
„Нашиот познат фолк-пејач, Наум Петрески, го прослави својот 58. роденден, а неговата ќерка Македонка јавно му го честиташе.
Имено, овој ден за Наум беше посебен и заради настапот што го имаше во рамките на концертот „Македонијo, во срце те носиме“, па неговата ќерка Македонка, сподели снимка токму од овој настан.
„Делење сцена со фамилија на убав ден. Среќен роденден тато“, напиша Македонка под снимката на која Наум заедно со момците од ДНК настапува на сцената.
Принтскрин/ Јутјуб
Истата вечер на концертот генијален настап имаше и неговата сопруга Зуица Лазова кој неодамна наполни 50 години.
Инстаграм
Потсетуваме, Зуица пред само неколку недели го прослави 50-от роденден кога го престави и проектот 5 за 50 со „Гарски продукција“.
Инстаграм
Имено, таа на денот на својот роденден објави пет нови песни и спотови во кои покрај неа се појавуваат и нејзината ќерка Македонка и синот Стефан, но и сопругот Наум Петрески.
Инстаграм
Интересен беше и моментот кога Зуица запеа со својата свекрва, мајката на Наум, како и со својата наследничка Македонка која со својот шарм и гласи исто така ги воодушеви сите.
„Имам вистински луѓе до мене, тоа е “Гарски продукција” т.е. ние сме четири дами, две мајки и две ќерки, Соња Дојчиновска-Јанаќиевска и Деспина Јанаќиевска и јас и мојата Македонка Петреска. Сите ние подолг период осмислуваме како да се одбележи овој јубилеј, додававме и одземавме идеи, надоградувавме и стигнавме до 5 за 50, изјави Зуица Лазова неодамна за својот последен проект во интервјуто за Гламур магазин.
Целото интервју прочитајте го тука…