LIFESTYLEВести

Новогодишна атмосфера во Аеродром – има сè што на главниот скопски плоштад нема

Advertisement
Еден од македонските најдобри фотографи Роберт Атанасовски, на својот фејсбук-профил сподели фотографија од предновогодишната атмосфера во Аеродром.
„Зимзоленд Аеродром: има и адвент и елка и Дедо Мраз и лизгалиште и кувано вино и плескавици..Дури и луна парк има… Сè има! А за деца поголеми и помали, има радост, п.с. малку е гужва и сè е набиено, ама ОК. Има се што Данела на плоштад нема, на плоштад нема ништо, дури ни луѓе нема“, напиша Роберт во описот на фотографијата.
фото-Роберт Атанасовски, фејсбук

И ние уште чекаме да видиме како овојпат ќе не накити Данела.

Но да се вратиме на „Зимзоленд“, се случува на паркингот пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Аеродром. Ќе трае до 19 јануари, а организаторите најавуваат повеќе музички настани за сите возрасти, забави со диџеи, настапи на популарни музичари и караоке изведби. Атмосферата е дополнително разиграна со новогодишни куќички каде што можат да се купат различни производи и традиционалните јадења.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button