Kралот си ја заслужи круната – Дунавка го испофали нашиот дизајнер со светска слава!
Нашиот моден дизајнер со светска слава Златко Јовановски познат како JZЈ одново ја освојува светската сцена. Негови креации носеле звучни светски имиња од естрадата.
Овој пат дизјанерот се пофали дека популарната актерка и пејачка Талија, позната како Росалинда, носела негова креација на настапот во Њујорк.
„Талиа на нејзиниот божиќен настап пред Рокфелер центар во Њујорк ја носеше и оваа црвена наметка од мојот бренд JZJ by Zlatko Jovanovski. Прекрасно е кога ги гледам моите креации на светски ѕвезди“, се пофали Златко на социјалните мрежи нагласувајќи дека костимот што го носеше Талиа блескал повеќе од елката.
Ова не е првпат ѕведата да нсои модел со потписот на JZJ.
Креацијата е изработена од кристалчиња во неколку нијанси – сребрени, бели и смарагдоно зелени, со предимензионирана црвена панделка на задниот дел. Изгледот е заокружен со високи чизми во сребрена нијанса – додаде Златко.
По оваа објава се огласи и нашата манекенка Дунавка Трифуновска.
Таа на Инстаграм објави фотографија од себе пред 8 години, на која ја залепи и фотографијата од Талија од Њујорк. И двете носат креација на кралот на светкавото- како што Златко се нарекува себеси.
– Кралот ја заслужи круната -напиша Дунавка.
Еве што друго стои во неијзината објава, каде го опиша Јовановски со комплименти: