Нашиот пејач БЛИКА од среќа – погледнете каква објава доби од САКАНАТА!
Тој е заводник, но и по неговата сакана „се кршат вратови“. Дали сте ја виделе како изгледа?
За пејачот Адам Лабунски денеска на среќата и нема крај. Гори неговиот телефон од пораки во кои му честитаат за неговиот роденден.
Пејачот од Македонија, кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ и „Пинк ѕвезди“, но беше дел и од популарното српско ријалити шоу „Задруга“ денеска полни 34 години.
Денеска пристигнуваат убави зборови на инстаграм, на месинџер, на sms од пријателите од овде, но и од регионот.
Шармантниот Адам секогаш каде и да се појавел не останал не забележан. Тој е згоден, атрактивен, симпатичен и специфилен со совојата коса.
Но и по неговата сакана „се кршат вратови“. Дали сте ја виделе како изгледа?
Од морето честитки, најмногу радост предизвика изненадувањето од неговата свршеница Јелена и мајка на неговото дете. Пред еден месец тие влегоа во родителките води кога ја добија нивната ќеркичка Хана.
Јелена го изненади со преубава објава, но и со многу интерсна торта.
Потоа секси објава осамна на профилите и кај двајцата. Згодната Јелена со интерсна фотографија му го честиташе роденденот на љубениот. Таа во елегантен тесен виолетов фустан, а тој ја држи малку пододлу од половината. Ова привлече огромно внимание.
Да потсетиме дека Адам во текот на летото заедно со својата девојка Јелена откри дека таа е во блажена состојба, а потоа и дека „носи“ девојче.
Тие тогаш споделија и неколку фотографии направени на плажа во Улцињ, каде во центарот на вниманието беше стомакот на идната мама. А набрзо потоа тој ја запроси.
Адам е син на македонската фолк-ѕвезда Ибро Лабунски, од кого Адам очигледно го наследил талентот за пеење.