Реклама
FashionТрендови

Скопските излози во духот на празнична магија – Кој се потрудил најмногу?

Доколку вие сте сретнале некое место од вашиот град што ве воодушевило како е украсено, испратете ни фотографии на нашиот профил на Инстаграм: Glamur.mk и ќе ја објавиме конкуренцијата:) Помогнете ни да го најдеме заеднички најубаво декорираниот излог во Македонија!

Реклама

И додека на социјалните мрежи владее препукување за тоа зошто Скопје не е украсено, дали главниот град воопшто ќе биде украсен итн. продавниците во централното градско подрачје веќе ја донесоа празничната магија со нивниот креативен амбиент.

Бевме на прошетка и овие неколку места навистина нe воодушевија, па сакаме да ги споделиме со вас.

Бидејќи нашата прошетка се одвиваше во рааните утрински часови се уште немаше раздвиженост, локалите беа празни, а дел од продавниците беа и затворени.

Маркетинг

Но нашата идеја беше да ја доловиме новната уникатност и да ви покажеме колку се вложиле да го привлечат вниманието кај потрошувачите со моќта на новогодишните украси.

Еве како ние ги рангираме

Маркетинг

ПЕТО МЕСТО

Петто место на оваа ранг листа е за излогот на Sara fashion. Можеби ќе препознаете дека ова е дуќанот на Рекорд. Тоа е навистина многу фреквентно место, полно со туристи. Нивната декорација е пристојна, но премногу old fashion. За премиум продавница која продава мода сметеме дека можеле да се потрудат многу повеќе од овие неколку снегулки кои ен доаѓаат до израз. Ни го привлеока вниманието со ознаката за попуст и добриод слоган Pijama land.  Браво за тоа!

фото: Glamur.mk

ЧЕТВРТО МЕСТО

Ова е едно од кафулињата на улица „Македонија“. Убав масивен декор на вратата и весели цртежи на стаклата. Црвената машна е ефектна, недостасува боја за да го привлече внимението.

фото: Glamur.mk

ТРЕТО МЕСТО

Вкусните чоколадца на Краш заслужуваат малку повеќе од ова. Ни се допаѓа идејата на минимализам кој го прават луксузните продавници, елката е поставена на многу убаво место, но можеби можела да биде целата украсена во златна боја со црвени пакетчиња за да биде забележана, на овој начин се претопува во едно здодевно шаренило. Го почитуваме ретро стилот, но овде серизоно недостасува впечатливост.

v

Но, нејсе, за вкусови не се дискутира. Да не бидеме погрешно сфатени ова се само  наши добронамерни критики.

фото: Glamur.mk

ВТОРО МЕСТО

На автобуската постојка на Рекорд се наоѓа оваа продавница за накит Coral jewelry. Елегантно, префинето, стилски и соодветно за нивната намена. Вака би го опишале нивниот креативен празничен украс на велзот од вратата. Софистицираниот момент не воодушеви.

фото: Glamur.mk

Ни се допадна и тоа што си поиграле со нестандардни бои за овој празник со што се издвојуваат. Не ги ставивме на првото место бидејќи трудот кај следните е далеку поголем.

фото: Glamur.mk

ПРВО МЕСТО

Неговото височество Breadway, местото кое нема шанси да не го забележите. Уште во 7 наутро ечеше гласно божиќна музика. Модерно, отмено, истовремено традиционално, ефектно, забавно…

фото: Glamur.mk

Војниците кои ве поздравуваат на влезот од вратата се атракција за гостите кои се фотографиираат, вратата наликува како влез на некоја бајка, масивната машна во црвена боја воодушевува.

v

А, сијаличките и ѕвездите во делот каде што седат гостите е магичен.

v

Ако не сте пробале топло чоколадо тука, брзо фатете си место. Нека ви е на здравје!

Кој излог ви се допадна најмногу вам?

Доколку вие сте сретнале некое место од вашиот град што ве воодушевило како е украсено, испратете ни фотографии на нашиот профил на Инстаграм: ГЛАМУР.МК и ќе ја објавиме конкуренцијата:) Помогнете ни  заеднички да го избереме најубаво декорираниот излог во Македонија!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button