Пејачката Анета Љумаковска го покажа својот нов дом – погледнете го овој детаљ, ќе се воодушевите
Еве како пејачката го украсила домот за Нова година
Пејачката се пофали дека нејзиниот дом е спремен за празниците
Познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска покажа како го украсила својот дом за претстојните празници.
Имено, пејачката откри како изгледа нејзината новогодишна елка која го разубави нејзиниот дом и внесе бајковита атмосфера
Елката е голема и е сместен покрај самиот прозор, а украсена е со бели, розови и металик лампиони, додека белата боја преовладува. На дрвцето има и големи бели панделки, а тука е и самиот Дедо Мраз кој со својата препознатлива насмевка и шарм допринесува за новогодишната магија со која целиот простор се претвори во бајка.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Животот е краток и не треба да помине во тага
Потсетуваме, Анета неодамна за Гламур откри дека најмногу ужива во домашниот амбиент и дека токму на ова место најдобро си ги полни батериите. Што се однесува до тоа кои работи ја прават среќна во животот, но и што ја растажува, таа вели:
Инстаграм/ Анета Љумаковска
„Ме прави среќна работата пред се знам да се радувам на се што е убаво но знам и да се растажам многу брзо“.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
„Многу сум емотивна меѓутоа избегнувам да се растажувам бидејќи сфатив дека е животот многу краток и не треба да помини во тага. Сакам да бидам позитивна и полна со живот“, изјави Анета неодамна во големото ексклузивно интервју за Гламур магазин.
Целото интервју со Анета прочитајте го тука >>