Емотивна глетка од домот на ќерката на Гоце Арнаудов – неговите внукички на сите им го разубавија денот
Харита ги стопи сите со една фотографи
Ќерката на Гоце Арнаудов, Харита Арнаудова, редовно објавува нови фотографии и секој пат ги воодушевува сите со нив.
Таа овој пат сподели неколку фотографии од концертот организиран во чест на нејзиниот татко, но и неколку емотивни моменти на кои се нејзините две ќерки, Каја и Дора, внукички на легендарниот македонски пејач кои сега живеат со мама во Охрид.
Овој пат Харита ги снимаше во нивниот дом, а снимката што ја објави ги воодушеви нејзините пријатели и следбеници.
Инстаграм/ Харита Арнаудова
Имено, тие и двете се со микрофони во рацете и во пижами со леопард дезен, а гордата мама под фотографијата напиша:
„Кога ќе ве погледнам бисерно сонце ноќе изгрева“, напиша Харита и ги воодушеви сите со своите две мали ангелчиња.
Инстаграм/ Харита Арнаудова
Потсетуваме, Харита во младоста тргна по стапките на својот татко и беше активна и на сцената, но во еден момент реши да се повлече и му се посвети на образованието и на семејниот живот.
Инстаграм/ Харита Арнаудова
Таа денес живее во Охрид заедно со својот сопруг и нивните две ќерки, за кои во една пригода во интервју за Гламур ќе открие:
„Каја и Дора се исклучително темпераментни деца, јас просто се чудев како можеше од мене да излезе толку темперамет 😁 Јас сум била живо дете, но многу разбрано, Со нашиве се изнамачивме додека да влеземе во колосек, прво поради темпераментот на Каја и постојаната захтевност од внимание, а со Дора веќе се навикнавме 😁 иако сметам дека со нејзе повеќе излегувам на крај отколку со Каја кога беше на иста возраст, сепак нели второ дете. Значи во темпераментот се многу слични, но се радувам што се среќни и задоволни. Веројатно како и сите денешни деца 100% го бараат нашето внимание, додека пак околу побарувањата од материјален карактер се доста скромни.“ 😊
Инстаграм/ Харита Арнаудова
Што се однесува до тоа дали тие имаат нешто наследено од нејзиниот татко кога станува збор за музиката, Харита го откри и следново:
Инстаграм/ Харита Арнаудова
„Па секако дека сите ние имаме по нешто наследено од неговиот голем музички талент. Верувам дека ќе се пренесе на децата.“ 😁
Инстаграм/ Харита Арнаудова
Пеат и слушаат музика поразлична од таа што јас сум ја слушала, јас слушав „Бело Дугме“, на 4-5 години заспивав и се будев со нив 😁 тие слушаат повеќе странска музика и мило ми е што имаат вкус за добра музика. Уште непрозборени тие веќе пееја песни 😁 Но не сакам ништо да им наметнувам, можам само да им дадам некоја насока и секако помош и поддршка доколку забележам дека тоа вистински го сакаат, ни откри тогаш Харита.
Целото интервју со неа прочитајте го тука >>