Каква трансформација! Благица Павловска за роденденот е како Мадона – пука од сексапилност

На 4 декември, фолк дивата Благица Павловска го прослави својот 66 роденден.
За оваа прилика го посети мејк-ап артистот Владимир Трајковски, кој инаку стои и зад изгледот на Лила, а Влатче ја трансформираше Благица во дама на која можат да ѝ позавидат и двојно помладите колешки.
Пејачката позира во светкава розова блуза која го нагласува нејзиното раскошно деколте, насмеана и видно расположена од одразот во огледалото.
фото: инстаграм
фото: инстаграм
фото: инстаграм
фото: инстаграм
Фризурата ѝ е во афро стил, а што се однесува до шминката, акцентот е на очите и усните. Навистина не ѝ треба никаква естетска интервенција за да блесне.
Благица собра куп комплименти за оваа мини фотосесија, многумина се согласија дека е прекрасна.
„Вау, браво Владимир, апсолутно вистинска промена си направил кај Благица, совршено афрото ѝ прилега и честитки за нејзиниот роденден“, гласи еден од коментарите.