Не смееш да фаќаш, снимаме. Ќе ти дадам после – му порача Алачки на Спасен и го плесна по раката (фото)
Ова ги насмеа сите
Ново интересно видео „исплива“ на социјалните мрежи на кое во главна улога се Спасен Сиљаноски и Адријана Алачки.
Имено, Спасен за време на снимањето на една од последните емисии на Везилка, сакаше да замези, но колешката не му дозволи.
Тој тивко се доближи до масата и ја пружи раката за да досегне некое од вкусните јадења, но во истиот момент Алачки го удри по дланката и го предупреди, што поприлично го изненади фолкерот.
Инстаграм/ Адријана Алачки
„Не, не смееш. Снимаме После ќе ти дадам“, му порача во шега колешката на Спасен додека некој ги снимаше, па го сподели видеото.
Инстаграм/ Адријана Алачки
Потсетуваме, Спасен одлично се снајде и во улога на водител откако почна да работи на овој телевизиски проект.
Инстаграм/ Адријана Алачки
Тој во Везилка дојде на местото на Благоја Грујовски кој претходно долго време соработуваше со Алачки во оваа емисија.
Инстаграм/ Адријана Алачки
Станува збор за една од најгледаните емисии на нашите мали екрани во која Спасен и Алачки ги изненадуваат гледачите со интересни моменти, вкусни традиционални јадења и убава музика.