Реклама
Наши ѕвездиТрендови

Водителката Татјана во никогаш поубаво издание – облечи црвено, нека блеска од радости и убавини

Татјана избра класична комбинација со која нема грешка, но еден детаљ посебно привлече внимание

Реклама

Нејзиното грациозно издание никого не остава рамнодушен

Нашата позната водителка Татјана Стојановска присуствуваше на еден настан во издание со кое ги воодушеви сите.

Имено, таа за оваа пригода одлучи да носи сако и панталони, а целото издание го заокружи со елегантни црни чевли.

Маркетинг

Но она што посебно остави пеат на целото ова издание беше црвената боја на сакото, под кое Татјана носеше црна блуска, а комбинацијата ја зачини и со преубавата шминка со црвен кармин.

Маркетинг
Инстаграм/ Татјана Стојановска

Сакоата веќе некое време се вистински хит меѓу дамите и тоа не само кога станува збор за типичните деловни изданија.

Тие сега се носат и во вечерни варијанти, а неколку сезони по ред апсолутно доминираa „oversized“ моделите.

Инстаграм/ Татјана Стојановска

Но од оваа есен тие паднаа во втор план, а нивното место им го препуштија на покласичните модели каков носи и Татјана.

Zara

Тоа уште пред неколку месеци го прогнозираа и модните блогери и стилисти, според кои оваа зима ќе биде во знакот на нагласениот струк, а во фокусот покрај класичните модели, ќе бидат токму сакоата и капутите со истакнати женствени силуети.

Инстаграм/ roerich.alena

Наш предлог за оваа сезона

Кога станува збор за сакоата, тие во последните неколку сезони важат за одлична инвестиција за есенските и зимските месеци – како за преодниот период кога се одлична варијанта за јакните, така и за постудените денови кога лесно го пронаоѓаат своето место меѓу креативните слоевити комбинации.

Инстаграм/ Hoskelsa

Што се однесува до трендовите, сигурно веќе и сами забележавте дека потполно ИН се „fitted“ моделите со тесен крој кои се инспирирани од моделите на повоениот култен Диор од 50-те.

Неколку вакви модели погледнете во продолжение…

Reserved

NA-KD

H&M

COS

Zara

H&M

H&M

COS

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button