Реклама
Патувања

Не е Сен Тропе, туку Струга – Бајковита есенска разгледница од фотографката Ана Петроска (Фото)

Реклама

„Кога се зборува за летниот период сите знаеме за Струга. Знаеме што се случува, гледаме фотографии од плажите, преполните кафулиња, препознатите настани. Но, што се случува во останатиот период од годината? Што се случува во есен и дали има што да се фотографира и дали вреди да се посети?“, вака фотографката Ана Петроска ја започнува својата денешна фотоприказна. 

„Одговорот е големо „да“! Оваа есен, покрај тоа што уживав во летото, подолг период поминав во Струга (бидејќи слободно можам да кажам дека Струга е мојот втор дом). И, беше фантастично. Апаратот е исполнет со жолтата боја на листовите, а Охридско Езеро отсликувајќи ја бојата на небото на Струга ѝ дава уникатен изглед. 

Најпрво и највпечатливо, Струга е убава за посета преку цела година поради езерото. Тоа може да го видите од фотографиите и како пејзажите се комбинираат со убавото време кое го имавме и доминантната портокалова боја.  

Маркетинг

За најмногу да уживате во Струга во есенскиот период, најдобро е денот да се започне со кафе или чорба покрај Охридското Езеро. Тоа времето го дозволува оваа есен и е нешто што може да се направи. 

Понатаму, Струга е раздвижена особено за викенд, па така прошетките покрај Дрим се исто така нешто што ќе овозможи уживање во есенските сончеви зраци, а ќе ги доживеете и глетките кои што ги доловувам преку тука претставените фотографии. Но, овој град знае да донесе свежина во вечерните часови. Па, доколку сакате да бидете повторно под отвореното струшко небо, а верувајте ми вреди, треба добро да се облечете и така уживањето ќе биде целосно. 

Маркетинг

Мислам дека преку моите фотографии ја доловив убавината на Струга во есен и со тоа го надминувам табуто дека градот е вреден за посета само во едно годишно време – лето. Пробајте и нема да зажалите, бидејќи ќе сакате да дојдете повторно“ – ни раскажува Ана Петроска.

Но, тука се нејзините фотографии кои зборуваат за оваа есен во Струга, многу погласно од зборовите. Уживајте во глетката. 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button