Пејачката Анета вчера убаво се забавуваше, но ќе се изненадите и од убавиците со кои лудуваше
На исто место, во исто време
Кога овие дами ќе се соберат на едно место, забавата е и повеќе од загарантирана
Познатата пејачка Анета Љумаковска во последно време е поприлично активна и на социјалните мрежи.
По нејзиниот голем успех на Роса фест кога со својата песна ги воодушеви сите (види тука), пејачката сега покажа како и покрај бројните обврски секогаш има време и за добар провод.
Имено, пејачката сподели неколку фотографии на својот Инстаграм од кои можеме да видиме и со кого се забавуваше.
Инстаграм
Станува збор за уште неколку наши познати убавици, но и еден познат музичар кој важи за миленик меѓу дамите.
Инстаграм
И како што и сами може да видите од објавите, тоа се Даниела Темелковска, Адријана Ацевска и Стојне Николова, како и хармоникашот Мишел Трајковски, кој очигледно одлично се забавуваше со овие наши познати убавици.
Инстаграм
Тие фотографиите ги споделија сите на Инстаграм, а ако судиме според нивните насмевки, сите си поминале одлично.
Инстаграм
Потсетуваме, шармантниот хармоникаш Мишел Трајковски неодамна имавме прилика да го видиме и во улога на пејач што посебно ги израдува претставничките на понежниот пол.
Инстаграм
Тој заедно со актерката Јана Стојановска ја претстави својата најнова песна во којашто за прв пат се појавува и во улога на пејач. И како што самиот откри неодамна за Гламур, додека работеле од Јана му бил поставен единствен услов – песната или ќе ја снимаат како дует или останува во некоја нотна тетратка и ништо од соработката.
„Секако со задоволство прифатив за прв пат досега да бидам дел од една вокална приказна. Признавам, беше голем предизвик за мене. А исто така Јана беше и главниот иницијатор за да го создадам текстот. Со нејзината умешност за поставување на точни параметри и насоки на движење“ изјави Мишел за новата песна Весник што ја сними со актерката.
Целото интервју со Мишел прочитајте го тука >>