Реклама
Celebrity

Непрепознатлива – вака изгледаше Марија Шерифовиќ на првиот јавен настап пред 26 години, а Верица згодна како манекенка

Реклама

Марија Шерифовиќ за првпат се појави во јавноста на ТВ Пинк во 1998 година. Таа гостуваше со нејзината мајка Верица Шерифовиќ и заедно го отпеаа хитот „Моје бубе“ на познатата група Сунцокрети.

Мајката и ќерката за првпат ги вкрстија гласовите и заедно настапија пред телевизиските гледачи.

Марија тогаш имала само четиринаесет години, одела во осмо одделение, но сепак, веднаш ги покажа своите гласовни способности.

Маркетинг

За овој настап денешната регионална ѕвезда избрала лежерна модна комбинација –  патики, фармерки, маичка и дуксер со качулка. Интересно, таа остана доследна на својот стил до ден-денес.

На видеото релаксирано изгледа и нејзината мајка -природно убава и згодна жена.

Маркетинг

Шерифовиќ од самиот почеток покажа дека нејзин најсилен адут ѝ е гласот, а публиката особено ја засака поради нејзината непосредност.

До денес, позната е силната врска на Марија и Верица која една на друга се најголема поддршка во животот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button