Нашата поранешна водителка се огласи со тажна порака – потполно скршена по смртта на својот пријател
Хелена се огласи, се уште тажна и скршена заради смртта на Зоки Фаци со кого беше мошне блиска
Поранешната македонска водителка Хелена Роза се огласи по повод еден месец од смртта на нејзиниот пријател.
Помина месец дена од смртта на познатиот македонски новинар Зоран Василевски, познат и како Зоки Фаци.
Зоки почина на 1 ноември, по долга борба со тешката болеста, а Хелена и тогаш преку социјалните мрежи со емотивна порака се збогуваше од својот драг пријател со кого беше многу блиска.
Принтскрин/ Инстаграм
„Еден месец без тебе, те сакам“, напиша Хелена под црно-бела фотографија на која е нејзиниот пријател Зоки Фаци.
Принтскрин/ Инстаграм
Имено, Хелена веќе десетина години заедно со семејството живее во Нов Зеланд, па не беше во можност да дојде на погребот.
Таа тогаш сподели неколку заеднички фотографии, а нејзините емотивни пораки и тогаш никого не оставија рамнодушен.
Принтскрин/ Инстаграм
Потсетуваме, Зоки почина по долго и тешко боледување од рак. Тој претходно беше во Турција каде требаше да се оперира, но по направените прегледи во тамошните клиники беше утврдено дека ракот се проширил, по што тој реши да се врати во Македонија и тука да продолжи со лекувањето.
Принтскрин/ Инстаграм
Но за жал болеста беше посилна, па Зоки и покрај тоа што лавовски се бореше до самиот крај, не успеа да ја победи.
Принтскрин/ Инстаграм
Тој беше погребан на гробиштата во Катланово каде присуствуваа голем број негови колеги и познати лица од естрадата.