Пејачот од Македонија направи лом во Гранд – настапи срамежливо, но кога запеа го затресе студиото
Кога е на сцената е потполно друг човек
Пејачот од Свети Николе ги воодушеви сите
Кире Науновски од Свети Николе се пријави во „Никогаш не е доцна“, каде штом го пушти сојот глас ги воодушеви сите.
Во жирито беше и Тијана Дапчевиќ, која му порача да не се грижи и да се обиде да ја совлада својата трема со која очигледно имаше проблем.
Но Кире кој самиот откри дека своите први чекори како пејач ги направил на 16 години кога почнал да настапува на свадби и други прослави во Македонија, сепак успеа да ја совлада големата трема и доби одлична критика за својот настап.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Едо Абдовиќ веднаш му порача дека е професионалец, а Саша Милошевиќ со својот коментар го воодушеви и пејачот.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
„Ти си феноменален пејач! И дикциски перфектно отпеа што е тешко за твојот народ и генерално на пример за луѓето од јужна Србија, така што секоја чест“, му порача Маре по што се огласи и Тијана која му честиташе за генијалниот настап и му посака голем успех и во следниот круг од шоуто.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Потсетуваме, Тијана која ова недела беше дел од жирито во „Никогаш не е доцна“ откри дека работи на нова песна.
И како што самата пејачка изјави за Гранд, песната ќе се вика „Што се прави на естрадата“ и ќе биде шеговита, како и нејзините последни хитови кои достигнаа голема популарност во регионот.