Овој млад и суперталентиран гостиварчанец, Анди Исмаили, заслужува внимание – по петти пат стана светски шампион во танцување, на Светското првенство што се одржа во Киелце, Полска. Анди убедливо ја понесе победата со неговиот неверојатен настап во конкуренција со 72 танчари од целиот свет.
Талентираното момче има само 16 години. Тој е член на балетското студио „Break a Leg” од Скопје, а позади неговиот последен успех стои неговата менторка Андријана Петковски и креативноста на кореографката Карол Ментол од Полска.
Неговиот победнички настап може да го погледнете – ТУКА.
Инаку, од настапите на Анди останаа воодушевени и членовите на жири-комисијата на музичкото натпреварување „Хрватска има талент“, каде во 2023 година настапуваше гостиварчанецот и секако се пласираше во финалето.
Advertisement
Погледнете ги реакциите и извиците на воодушевување на жирито и веќе е јасно дека станува збор за шампион.
Advertisement
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .