Висока сум 160 см, открив како да изгледам повисоко – кои се магичните панталони што прават чуда?!
Како да изгледам повисоко? Ова е еден глобален комплекс за многу девојки кои сакаат преку облеката и чевлите да ја зголемат својата реална висина.
– Висока сум 160 см и само во овие панталони изгледам како да имам 170, откако една девојка на социјалните мрежи го покажа овој трик, сите се во потарга по овие панталони што прават чуда?
Кои се тие панталони?
Оптичката мамка на пругите секогаш функционира, а доколку сте ниски и сакате визуелно да ја издолжите фигурата, обрнете внимание на панталоните со овој дезен.
Како да ја продолжите вашата силуета?
Ова е модно прашање кое се поставува од сезона во сезона, особено ако сте високи околу 160 сантиметри или помалку.
Иако удобноста останува приоритет, има многу совети како да ја обезбедите. Кога станува збор за обувките, има многу опции, од штикли до мокасини со потпетица… А кога станува збор за облеката, секогаш се издвојува една опција: широки панталони со вертикални пруги. Како оптичка илузија даваат потенок изглед.
Но, вниманимавајте на следното – Не избирајте парчиња со хоризонтални риги, бидејќи тие имаат спротивен ефект!
Како да носите панталони со пруги за да ја издолжите фигурата?
Кога станува збор за носење панталони со пруги, идејата е да се обратите за бои кои прават да се чувствувате самоуверено.
Панталоните со пруги можете да ги најдете во речиси секоја продавница.
Во продолжение ви даваме неколку предлози како да ги носите панталоните со пруги, за секакви пригоди.
Комбинирајте ги со патики, со ниски чизми или елегнтни со висока потпетица, носете ги на работа, но и на некакава свеченост.