Еве зошто сите зборуваат за ова издание на Гавазова – фолкерката со шлиц и деколте од милион долари
Тесен светкав фустан и шлиц до колкот – познатата пејачка никогаш поубава
Една од нашите најпознати фолк-пејачки, Сузана Гавазова, овој викенд имаше настап со кој ги воодушеви сите присутни.
Имено, пејачката настапи на јубилејната 25-годишна прослава на групата Дрим тим во МНТ, а нејзиното издание ги воодушеви сите.
Гавазова за оваа пригода реши да облече тесен и светкав фустан, кој во горниот дел беше со тенки прерамки и отворено деколте кое го истакна нејзиното раскошно деколте, но и долу беше „интересно“.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Креацијата беше со длабок шлиц така што во фокусот беа и убавите нозе на пејачката која блескаше од глава до пети.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа објави неколку снимки од ова свое издание на социјалните мрежи, по што следуваа бројни коментари за нејзиниот изглед.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
И речиси сите се согласни дека изгледаше како милион долари, но и дека им приреди одлична забава на присутните.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
На прославата беа присутни и многу други наши познати музичари, е еден од нив беше и Благоја Грујовски кој исто така беше поприлично расположен, а Гавазова објави и интересно видео што го направија заедно специјално за нивните фанови (види тука).
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Повеќе детали од ова издание на Гавазова, но и како изгледаше пејачката на сцената, погледнете во продолжение…