Мики ќе настапува со Цеца и Војаж за Нова година? Неверојатни суми ќе заработат музичарите
На многумина ќе им се заврти во глава од цифрата
Едни ќе потрошат, други ќе си заработат…
Нова година наскоро доаѓа, а многу наши пејачи веќе одамна ги имаат закажано своите новогодишни настапи.
И веќе и на гранчињата на гранките им е јасно дека музичарите во овој период од годината најмногу заработуваат, посебно за Нова Година, а цените за нивните настапи знаат драстично да скокнат.
Еден од познатите пејачи кој оваа година се најде во медиумите во регионот токму заради сумата што ќе ја заработи за својот настап на Нова година е српскиот изведувач Михајло Веруовиќ Војаж.
Инстаграм
Имено, Војаж за празникот ќе настапува во Херцег Нови и тоа заедно со Светлана Цеца Ражнатовиќ.
И како што пренесуваат медиумите, Војаж са овој свој настап за 31 декември ќе стане побогат за 25.000 евра, а цифрата што ќе ја заработи Цеца сигурно е многукратно повисока.
Принтскрин/ ТикТок
Интересно е и тоа што Цеца и Војаж ќе настапуваат во истиот клуб – најпрво Цеца, па Војаж, а со Цеца ќе биде и Мики Секуловски.
Принтскрин/ ТикТок
Нашиот пејач кој го освои високото второ место во „Ѕвездите на Гранд“ по шоуто доби покана да настапува со Цеца на нејзините концерти, како придружен вокал, па пејачката го покани и за Нова година.
Инстаграм
Мики настапуваше со неа и во Дубаи, а за овие свои настапи многумина се сигурни дека и поприлично добро ќе заработи.
Инстаграм
Како изгледаше шармантниот Мики на некои од овие настапи, погледнете во продолжение…