Реклама
Home Sweet HomeLIFESTYLE

Дом како од бајките – трендови на украсување на новогодишна елка што ќе ве освојат „од прва“

Реклама

Новогодишната атмосфера се приближува, а со неа и магијата на декорациите кои ги трансформираат нашите домови во волшебни места. Ако сте љубопитни да дознаете кои ќе бидат трендовите што ќе доминираат во овој посебен период, особено во однос на новогодишните елки, нашиот напис е токму за вас.

Маркетинг

Оваа година, светските дизајнери форсираат новогодишни со допир на модерност и креативност, со фокус на иновативни материјали, како што се синтетички материјали, геометриски форми и игри со светлина. Заборавете на класичните идеи: за време на овие празници ќе можете да изберете оригинални опции, дозволувајќи да ве води фантазијата за украсување или дури и создавање на ваша сопствена елка.

Решенијата кои најмногу се популаризираат оваа есен/зима не само што ги земаат предвид естетските аспекти, туку и аспектите на одржливоста и потрошувачката на енергија. Треба да знаете дека, откако беа напуштени класичните божиќни светилки, многумина се одлучуваат за LED светлосни венци, кои обезбедуваат естетски привлечен резултат, дозволуваат заштеда и истовремено ја почитуваат животната средина.

Што се однесува до дизајните, годинава за празничниот период се враќаат едноставните и минималистички форми, ѕидни елки, стилизирани, винтиџ дизајни, но и присуство на плиш (плишани лампиони, ленти).

Но, да погледнеме што точно ќе бидат најголемите трендови кои ќе ја обележат новогодишната сезона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Modern Christmas Trees (@modernchristmastrees)

Трендови на бои за Нова година 2025

Експлозија на бои и нови трендови во боите кои ќе ги трансформираат вашите празници во неверојатно визуелно искуство. Додека во минатите години доминираа топлите и традиционални нијанси како црвена, сребрена и златна, оваа година не очекува промена која го одразува обновениот апетит за експериментирање и оригиналност.

За декорациите на новогодишните елки ќе доминираат светлата/светилките и студените бои, како што се сина и виолетова, како и зелени нијанси (како што е светло-зелената, на пример, салвиа нијанса), но без да се збогуваме со класичната црвена и кафеава боја, кои веќе ги видовме минатата година.

За љубителите на бајковата атмосфера на снежен Божиќ, трендот “White Christmas” е совршен. Декорирањето на елката со студени бои како бела, сребрена и светлосина, можеби во комбинација со бели LED светилки или светилки со ефект на мраз, создава елегантен и рафиниран резултат. Орнаменти како транспарентни кристали, снешковци и сјај додаваат магичен допир, претворајќи ја дневната соба во мал зимски пејзаж.

Сега, нурнете во деталите и откријте заедно со нас како овие нови палети на бои можат да ја претворат вашата новогодишна елка во вистинско уметничко дело.

Од црвена до виолетова: сите нијанси на новогодишно/божиќно укрсување

Да почнеме од црвената: тоа е традиционална боја за Божиќ, симбол на радост и љубов. Вметнувањето на оваа нијанса во декорациите на вашата елка претставува класичен и вечен избор кој веднаш ќе го оживее топлиот и пријатен амбиент на празниците.

За елка во согласност со трендовите на 2024/2025, советот е да се користат црвени новогодишни лампиони во различни големини и да се распоредат хармонично. Дополнете ја со сјајни и мат ленти за елегантен изглед. За осветлувањето, белите или златни светилки создаваат прекрасен контраст со црвената боја, давајќи блескав изглед на елката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antoinette Boston (@absholidaydecor)

За комплетирање на целата декорација, размислете да додадете црвени венци и збогатете ја елката со детали направени од бобинки за финален додаток кој ќе ја долови суштината на Божиќ.

Зелената боја, пак, претставува надеж и повторно раѓање, што е есенцијално за Божиќниот период. Светлите верзии, како зелена (минт, салвиа нијанса), годинава го презедоа приматот на пастелни бои, кои беа особено популарни во текот на 2024 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antoinette Boston (@absholidaydecor)

Во овој случај, користете свежи или вештачки гранки од смрека за да создадете зелена и миризлива основа. За вистински украс, изберете сребрени или златни лампијони (или импровизирани топки), кои ќе се комбинираат со посветли или потемни решенија, создавајќи елегантен ефект во совршена комбинација.

Синото дава елеганција и мир на твојата елка. Ако се одлучите за оваа нијанса, изберете темносини лампиони (уште пдобро ако се плишани) и светилки во облик на ѕвезди за да создадете ноќен и впечатлив ефект. За осветлување, изберете бели или сини тонови, совршени за да создадете волшебна празнична атмосфера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antoinette Boston (@absholidaydecor)

И, како финален детаѝ, украсете ја елката со сребрени снегулки, кои ќе внесат магична зимска атмосфера. На овој начин ќе добиете супермодерна декорација во студени бои, која ја одразува темата на зима и снег.

Виолетовата е кралска боја, која додава луксуз на вашата новогодишна елка. Може да искористите лампиони и ѕвончиња во различни нијанси за да постигнете софистициран и хармоничен ефект. Може да ги комбинирате со бели и златни лампиони, за елегантен и шик изглед. За комплетирање на целата декорација, топлите бели светилки создаваат пријатен контраст, давајќи на амбиентот топла и елегантна атмосфера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antoinette Boston (@absholidaydecor)

Се повеќе популарна станува тенденцијата за декорации во природни тонови, која цели да ја истакне едноставната и искрена убавина на Божиќ. Елката се украсува со дрвени декорации, нијанси на зелена, кафеава и беж, со акцент на додатоци како шишарки, везови и исушени листови. Овој стил совршено се комбинира со ЛЕД светилки во топли тонови, создавајќи интимна атмосфера, совршена за оние кои сакаат минималистички и автентичен Божиќ.

Меѓу најпопуларните природни нијанси се наоѓа кафеавата, боја која додава топлина и автентичност на новогодишната елка. Веќе користена минатата година, се враќа со голема сила и во 2024 година, потврдувајќи ја како една од најпопуларните опции за декорациите на елката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antoinette Boston (@absholidaydecor)

Кафеавата, како топла боја, е способна да создаде атмосфера која потсетува на боите на планинските викендички, давајќи на домот топлина и пријатност. Ова решение создава совршена клима за уживање во топли чаеви на софата, додека гледате некој класичен Божиќен филм.

За декорацијата на елката, вметнете кафеави лампиони или со завршни обработка од дрво за рурален и пријатен допир, додададете и шишарки и лешници како природни украсни елементи, а за осветлување, користи топли жолти светилки. Тоа ќе создаде интимна атмосфера и совршено ќе се комбинира со остатокот од декорацијата.

Светилките за новогодишните елки годинава може да бидат во многу бои. Но, внимавајте да не претерате: изберете две или три нијанси и комбинирај ги мудро за оригинален, но хармоничен резултат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button